Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Емилија Кларк модна хероина за „Harper’s Bazaar“

ФОТО: Емилија Кларк модна хероина за „Harper’s Bazaar“

Емилија Кларк е модна хероина за „Harper’s Bazaar“. 28-годишната ѕвезда од „Game of Thrones“ сними фотосесија за новото издание на списанието, во која ја покажува својата борбена страна.

За едиторијалот, привлечната Англичанка позираше во креации од модни куќи како Александар МекКвин, Блумарин, Проенза Скулер, Александар Ванг, Валентино и Луј Витон.

Норман Џин Рој стои зад креативните фотографии, а стилскиот избор бил ставен во рацете на Наташа Ројт.

Емилија Кларк Емилија Кларк

Во интервјуто за списанието, Кларк признала дека била скептична за соработката со Арнолд Шварценегер за филмот „Terminator Genisys“, но додала дека тој на крајот се покажал како љубезен човек. „Беше многу забавен. Јас очекував дека ќе се појави едно огромно его, но тој е шармантен, мил и љубезен човек. Навистина беше возбуден за снимањето на сцените“ – рекла таа.

Кларк изјавила и дека популарната серија „Game of Thrones“ ѝ отворила врати кон многу нови можности.

Емилија Кларк Емилија Кларк Емилија Кларк Емилија Кларк

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11920 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.