Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Елтон Џон стапи во брак со Дејвид Фурниш

ФОТО: Елтон Џон стапи во брак со Дејвид Фурниш

Елтон Џон и Дејвид Фурниш ја официјализираа својата љубов и го претворија долгогодишното граѓанско партнерство во легален брак.

Познатиот пар заплива во брачните води во Лондон, Англија, каде во март оваа година беше легализиран истополовиот брак. Церемонијата се одржала на имотот на Џон и Фурниш во Виндзор.

Покрај избраните гости, можност во живо да „ѕирнат“ во приватната прослава добија и сите присутни на Instagram. Имено, за време на подготовките, потпишувањето на официјалниот документ и церемонијата, на Instagram профилот на 67-годишниот поп музичар беа објавени неколку фотографии.

Свадбата на Елтон и ДејвидМалиот Закари ги фотографирал Елтон и Дејвид заедно со едногодишниот Елајџа за време на церемонијата. Свадбата на Елтон и Дејвид Свадбата на Елтон и Дејвид Свадбата на Елтон и Дејвид Свадбата на Елтон и Дејвид Свадбата на Елтон и Дејвид Свадбата на Елтон и Дејвид Свадбата на Елтон и Дејвид Свадбата на Елтон и Дејвид Свадбата на Елтон и Дејвид Свадбата на Елтон и Дејвид Свадбата на Елтон и Дејвид Свадбата на Елтон и Дејвид Свадбата на Елтон и Дејвид

Меѓу присутните беа ѕвезди како Викторија и Дејвид Бекам, Хју Грант, Ед Ширан, Елизабет Харли, Гери Барлоу, Лулу и Дејвид Вилијамс.

Елтон и Дејвид се во врска 21 година, а во 2005 година тие склучија граѓанско партнерство. Заедно имаат два сина – 3-годишниот Закари и едногодишниот Елајџа – родени од сурогат мајка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9501 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.