Почетна » Новости » Животни стории » Исидора, девојката на Марио од 2Bona, за моментот кога дознала дека не може да остане трудна: „Ми се сруши светот“

Исидора, девојката на Марио од 2Bona, за моментот кога дознала дека не може да остане трудна: „Ми се сруши светот“

Кога Марио Јелиќ-Кун јавно проговори дека неговата вереница Исидора Станојевиќ не може да остане бремена и дека би останал со неа дури и ако нема деца, стопи илјадници срца. Многумина беа одушевени од неговата силна љубов, почитта и разбирањето, а охрабри и многу парови кои се соочуваат со пречки во создавањето на семејство.

Во подкастот на Лазаров, сега гостуваше и самата Исидора и најотворено зборуваше за синдромот поради кој е родена без матка и не може да износи свои деца.

Имено, станува збор за Мајер-Рокитански-Кустер-Хаузеров синдром (тип 1), кој се карактеризира со неможност за соодветен развиток на матката, но јајниците функционираат сосема нормално, па жената има опција за потомство со помош на сурогат-мајка.

Марио Јелиќ-Кун и Исидора

Исидора, чија мајка е гинеколог, дознала за медицинската состојба во тинејџерските години. Иако нејзината мајка знаела неколку години претходно, не ѝ кажувала во обид да ја заштити, бидејќи сè уште била дете.

Дијагнозата ѝ била соопштена на 16-годишна возраст откако заедно со мајка ѝ и тетка ѝ отпатувале во Лондон за да посетат специјализирана клиника. За првата реакција, таа раскажа:

Во соба кај мене имав слики од бебиња по ѕидовите, бидејќи мајка ми нели е гинеколог и ми носеше секогаш постери. Првата реакција ми беше: ‘Мамо, доаѓам во Скопје, сликите од бебињата да се тргнат’.

Е сега, не го памтев овој момент, но мајка ми ми кажа дека почнале да ми течат солзи. Памтам дека ми се сруши светот, дефинитивно... И тетка ми ми има кажано дека кога сме излегле од ординација, јас сум била во шок, а мајка ми била остарена десет години.

Најмногу мислам дека ми беше утехата ‘шо ти е, лабаво, има време за деца. Не го мисли сега’.

Тука завршува мојот шок момент, солзи, конфузија... Се враќаме каде што бевме сместени и тоа е тоа. Јас си се убедувам себеси дека имам време, ништо страшно. Мајка ми очекуваше бурна реакција, кубење коси, паѓање во транс, бидејќи обично сум таков тип на човек што реагира на сè. Немав никаква реакција, нејзе тоа многу ја загрижи. Таа мислеше дека не го прифаќам на правилен начин и дека тоа понатаму ќе има психолошки последици. Беше во право. Понатаму тоа се одрази многу на мене психолошки.

На почетокот Исидора ѝ била лута на мајка ѝ, но сега ја разбира заштитничката реакција на нејзините родители.

Марио Јелиќ-Кун и Исидора

На сите девојки кои минуваат низ нешто слично во животот, таа има порачува:

„Разговарајте. Психолог... Најпаметното нешто што сум го направила во животот е психолог. Разговарајте со родителите. Јас сметам дека мајчинството не е да го износиш детето во стомак. Мајчинството е после тоа – кој го расте, кој го сака, кој го поддржува тоа дете, кој го учи на прави вредности, кој го заштитува и му дава сигурност. Така што верувам дека и паровите кои не можат да имаат свои деца, можат да си посвојат детенце и можат да го сакаат и да добијат љубов за возврат како да е нивно биолошко дете. Мислам дека тоа не е ништо страшно, дури и јас сум размислувала на таа опција кога не би можела да имам свои биолошки деца“.

Со оглед на тоа што овој тип на синдромот не ги засега јајниците, Исидора и Марио имаат шанса да добијат свои биолошки деца. Парот, кој се вери минатата година, веќе има замрзнати ембриони и се надева дека ќе има потомство со помош на сурогат-мајка.

Марио Јелиќ-Кун и Исидора

Целиот подкаст на Лазаров со Исидора и Марио во продолжение:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27228 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.