Миланка Рашиќ ужива во Египет.
Македонската водителка сподели фотографии од егзотичниот одмор во Хургада откако била пречекана со букет цвеќе како ТВ лице од Македонија.
„Многу го сакам Египет и трета година по ред сум во Хургада. Изненадувањата започнаа уште на аеродромот, ме пречекаа со букет цвеќе како ТВ лице од Македонија. Сѐ е преубаво, погледот од собата, градините, песочната плажа, вкусната храна... Одмор за мерак“ – напиша Рашиќ.
















Миланка е меѓу најпознатите ТВ лица кај нас.