Катарина Ивановска им дозволи на фановите да „ѕирнат“ во нејзината приватност и да видат како ги поминува летните денови.
Македонската манекенка позира без шминка во секси бикини на плажа, игра со децата, пробува вкусни јадења и се дружи со пријатели на фотографиите од летните денови.
„Прва половина летен распуст“ – напиша Катарина во описот на фотографиите на кои се појавуваат и нејзините деца Кира и Вања, како и децата на Тамара Тодевска, со која заедно беа на одмор во Грција.


















Претходно, двете пријателки имаа споделено и други фотографии од авантурата на море.

