Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Елтон Џон и Дејвид Фурниш станаа родители

Елтон Џон и Дејвид Фурниш станаа родители

Елтон Џон и неговиот долгогодишен партнер Дејвид Фурниш станаа горди родители на здраво машко дете.

Малиот Закари Џексон Левон Фурниш-Џон бил роден од сурогат мајка на Божиќ (25 декември) во Калифорнија.

Елтон Џон и Дејвид ФурнишЕлтон Џон и Дејвид Фурниш

„Закари е здрав и ние сме многу горди и среќни родители“ – пишувало во соопштението на Елтон и Дејвид.

Ова е прво дете на 62-годишниот пејач и 48-годишниот канадски продуцент кои минатата година се обидоа да посвојат 14-годишно ХИВ позитивно момче од Украина. Тамошните власти тогаш го одбија нивното барање за посвојување поради возраста на Елтон Џон и поради тоа што не го признаваат неговиот брак со Дејвид.

Елтон и Дејвид стапија во брак во 2005 година, по 12-годишна врска.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11195 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.