Почетна » Новости » Музика » „Убав е“: Сара Мејс во бикини во новиот спот снимен на плажи во Грција и во Скопје

„Убав е“: Сара Мејс во бикини во новиот спот снимен на плажи во Грција и во Скопје

Сара Мејс создаде нова музичка приказна, хит кој лесно влегува во уши, а тешко се заборава.

Емотивната и енергична песна „Убав е“ е авторско дело на Сара (музика и текст), за аранжманот се погрижи Роберт Билбилов кој внесе заразен диско ритам. Видеоспотот е снимен на плажи во Грција и во Скопје. „Апсолутно, ова не е само песна која ќе се пее, туку и песна која ќе се почувствува, а многумина и ќе ги подзамисли“ - велат од тимот.

Љубовта, како вечно актуелна тема, често комплицирана, но секогаш длабоко човечка – е главниот лик во оваа музичка приказна. Ова не е само песна за него, ова е песна и за неа. Сара, преку својот препознатлив стил, длабока емоција и уметничка елеганција, ја раскажува приказната на една жена што се преиспитува и се „бори“ со себе.

„Да нема сонце, ќе можам. Да нема вода, ќе можам. Да немам никој, ќе можам. Но, без него не можам“...

Сара Мејс Сара Мејс

Спотот како визуелна бајка, плажа, морско синило, зајдисонце и специфичната, ненаметлива женственост што Сара природно ја носи, идеално ја надополнува целата музичка приказна.

За летните и провокативни „стајлинзи“ на Сара се погрижи Фросина ФРАН Ангеловска, исто како и за нејзината шминка, а фризурите се дело на HairHouse.

Сара Мејс Сара Мејс Сара Мејс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27245 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.