Елена и Бојан Најдоски викендов имаа чест да бидат кумови на свадба која се одржа во луксузен ресторан во Скопје.
Атрактивната водителка на емисијата „Живот со стил“ мамеше погледи во кратко, впечатливо црвено фустанче од колекцијата Magda Butrym x H&M, соработка меѓу полската дизајнерка Магда Бутрим и познатиот моден бренд H&M.


Волуменозниот фустан беше украсен со препознатливи рози, моден потпис на Бутрим, кои беа распоредени низ целиот дизајн, дополнително истакнувајќи го гламурозниот изглед на Елена.
На социјалните мрежи, Најдоски сподели фотографии од свадбата и напиша:
„Wedding party V & T. Голема чест и уште поголема љубов – кумови засекогаш!“








