Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Елтон Џон и Дејвид Фурниш добија втор син

Елтон Џон и Дејвид Фурниш добија втор син

Елтон Џон и Дејвид Фурниш го проширија своето семејство со второ синче. Малото бебе било родено на 11 јануари во Лос Анџелес од сурогат-мајка, а го носи името Елајџа Џозеф Даниел Фурниш-Џон.

65-годишниот пејач и неговиот долгогодишен љубовен партнер веќе се родители на двегодишниот Закари, кој исто така беше роден од сурогат-мајка.

Дејвид, Елтон и малиот ЗакариДејвид, Елтон и малиот Закари

„Двајцата копнеевме да имаме деца... Раѓањето на нашиот втор син го комплетира нашето семејство на најскапоцен и совршен начин. Тешко е да се објасни како се чувствуваме во овие моменти. Ние сме обземени од среќа и возбуда“ – пишувало во соопштението за јавноста на среќниот пар.

Елтон и Дејвид стапија во брак во 2005 година, по 12-годишна врска.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.