Принцезата Кетрин зрачеше со елеганција и префинетост на синоќешната државна вечера организирана по повод тридневната посета на Брижит и Емануел Макрон. Ова е прв нејзин државен банкет од 2023 година наваму поради нејзината борба со ракот.
Во замокот Виндзор, 43-годишната припадничка на британското кралско семејство шармираше во темноцрвена креација дизајнирана од Сара Бартон за Живанши покрај нејзиниот сопруг Вилијам. Кетрин ја носеше омилената тијара на покојната принцеза Дијана, „Lover’s Knot Tiara“ и обетки кои ѝ припаѓаа на кралицата Елиазбета II.









Таа беше фотографирана додека разговараше и наздравуваше со претседателот на Франција, Емануел, кој во еден момент ѝ намигна.






Последниот банкет на кој имаше присуствувано Кетрин беше во ноември 2023 година во Бакингемската палата, а четири месеци подоцна таа објави дека има рак.
