Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Дејвид Бекам и ќеркичката Харпер се разладуваат во Лос Анџелес

ФОТО: Дејвид Бекам и ќеркичката Харпер се разладуваат во Лос Анџелес

Слободно може да се каже дека 3-годишната Харпер Севен му е слаба точка на Дејвид Бекам. Познатиот фудбалер често оди на прошетки со својата ќеркичка, а нивните дружби секогаш резултираат со неодоливи фотографии. Овој пат, папараците го уловија славното дуо како се разладува со ледено овошно смути во Лос Анџелес.

На фотографиите, Бекам ја рани малата Харпер додека таа нетрпеливо посегнува по лажицата.

Дејвид и Харпер Дејвид и Харпер Дејвид и Харпер Дејвид и Харпер

Неодамна, Дејвид призна дека чувството да се има ќерка е поразлично одошто очекувал. „Да имаш ќерка е сосема поразлично. Не велам дека ја сакам ќерка ми повеќе, но момчињата се независни“ – рекол тој. На прашањето пак како планира да се справи кога Харпер ќе започне да се состанува, Бекам шеговито одговорил: „Таа нема да оди на состаноци. Ќе биде како Златокоса, затворена горе во кулата“.

Семејството Бекам во моментов престојува во Лос Анџелес.

Дејвид и Харпер Дејвид и Харпер Дејвид и Харпер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11905 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.