Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Војвотката Кејт доби „подарок“ од Ким за 30. роденден – чевли

ФОТО: Војвотката Кејт доби „подарок“ од Ким за 30. роденден – чевли

Ким Кардашијан заработува и од роденденот на војвотката од Кембриџ. По повод 30-тиот роденден на Кејт, познатата риалити ѕвезда создаде чевли наречени „Војвотката“, кои ги продава онлајн.

Во соработка со сајтот ShoeDazzle, Ким креира црни класични елегантни чевли. „Овие чевли ќе направат секоја девојка да се чувствува како принцеза“ – пишува Ким на својот блог.

Лево: Војвотката Кејт/ Десно: Чевлите „Војвотката“Лево: Војвотката Кејт. Десно: Чевлите „Војвотката“.

Ким ги претстави чевлите во видео преку кое и ѝ го честита роденденот на Кејт. „Само сакам да ѝ посакам на војвотката од Кембриџ навистина среќен роденден“ – вели таа.

По објавувањето на видеото, Ким доби многу негативни реакции и многумина ја оценија нејзината постапка како патетична.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11424 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.