Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Како Кание ѝ предложи брак на Ким Кардашијан

ВИДЕО: Како Кание ѝ предложи брак на Ким Кардашијан

Судејќи според предлогот за брак, Ким Кардашијан и Кание Вест се подготвуваат за голема и екстравагантна свадба. Кание не штедеше за предлогот за брак и изнајми цел бејзбол стадион во Сан Франциско за да ѝ приреди изненадување на Ким.

Денес беше објавено видео од моментот кога Кание ја побара мајката на неговата ќерка за жена. Во видеото 36-годишниот рапер клекнува на едно колено додека покрај нив свири оркестар од 50 музичари, а просторот го осветлуваат римски свеќи. На голем екран пишувало: Те молам омажи се за мене.

„Изминатава ноќ беше навистина магична!!!! Јас сум најсреќната девојка на светот! Ќе се омажам за најдобриот пријател!“ – изјавила Ким, која за специјалната ноќ носеше фустан од Валентино.

Видео од предлогот за брак

Наводно никој не знаел што е големото изненадување за Ким. Единствено мајката на Ким, Крис Џенер, била запозната со плановите на Кание, бидејќи тој од неа побарал дозвола за да ја побара за жена. Сите останати мислеле дека станува збор за изненадување по повод 33-тиот роденден на Ким.

Кание поставил на раката на Ким 15-каратен дијамантски прстен.

Предлогот за брак на Кание Вест Предлогот за брак на Кание Вест Предлогот за брак на Кание Вест Предлогот за брак на Кание Вест

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11077 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.