Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кание Вест објави: Ким Кардашијан е бремена

Кание Вест објави: Ким Кардашијан е бремена

Ким Кардашијан и Кание Вест ќе станат родители. Веста за бременоста ја објавил 35-годишниот рапер за време на настап во Атлантик Сити.

„Запрете ја музиката и направете врева за мајката на моето бебе“ – со овие зборови ѝ се обратил Вест на публиката. Ким била меѓу присутните.

Кание и Ким

Гласноговорник на Ким потврдил за медиумите дека таа го очекува своето прво дете. Веднаш по објавувањето на веста, членовите на познатото семејство Кардашијан упатиле честитки до среќниот пар.

„Чекав за да вреснам од покривот од радост и сега можам“ – напиша Кортни.

Се смета дека Ким е во 12-тата недела од бременоста.

Ким и Кание се во врска од април. 32-годишната ѕвезда сè уште не е разведена од Крис Хамфрис со кого беше во брак 72 дена.

Еве го видеото од моментот кога Кание ги извести своите обожаватели за бременоста:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11036 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.