Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Војвотката Кетрин и Ким Кардашијан – еден фустан, сосема различен изглед

Војвотката Кетрин и Ким Кардашијан – еден фустан, сосема различен изглед

Војвотката Кетрин беше вистинска дама во црвено додека заедно со кралското семејство учествуваше во кралската пловидба низ Темза, како дел од одбележувањето на дијамантскиот јубилеј од владеењето со Велика Британија на Елизабета Втора.

Војвотката КетринВојвотката КетринЦрвениот фустан со плисирано здолниште е од еден од омилените модни брендови на Кетрин, Александар МекКвин, и доаѓа од истата дизајнерка којашто го креираше нејзиниот невестински фустан, Сара Бартон.

Принцот Вилијам и КетринПринцот Вилијам и Кетрин

За да го прилагоди на приликата, Кетрин го искомбинира со елегантна црвена шапка и обувки во пудра боја, а го комплетира со долги ракави за поофицијален изглед.

Принцот Хари, Кетрин и принцот ВилијамПринцот Хари, Кетрин и принцот Вилијам

Изгледот на 30-годишната сопруга на принцот Вилијам буквално мамеше погледи и воздишки, а се разбира и позитивни модни критики.

Набрзо по забележителното појавување на Кетрин, многу модни експерти започнаа да „копаат“ наназад за да пронајдат повеќе информации за нејзиниот моден избор и налетаа на фотографии од Ким Кардашијан во истиот црвен фустан.

Ким Кардашијан и КетринКим Кардашијан и Кетрин Ким Кардашијан и Кетрин

Веднаш започнаа споредби за изгледот на Кетрин и изгледот на Ким, иако нема основа за таква компарација. Според многумина, споредбата на Ким и Кетрин е смешна и очигледен е победникот од стилската војна.

Фотографии од колекцијата на МекКвин „pre-fall“ 2011Фотографии од колекцијата на МекКвин „pre-fall“ 2011

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.