Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бремената војвотка Кетрин шармира во нежен син фустан

ФОТО: Бремената војвотка Кетрин шармира во нежен син фустан

Бременоста ѝ даде посебен блесок на Кетрин, војвотката од Кембриџ, кој дојде до израз за време на нејзината посета на Националната галерија на портрети во Лондон.

Кетрин, Војвотката од Кембриџ

31-годишната сопруга на принцот Вилијам изгледаше отмено и префинето во едноставен фустан во бебешко сина боја од Емилија Викстед.

Кетрин, Војвотката од Кембриџ Кетрин, Војвотката од Кембриџ

Кетрин ја посети галеријата за да ја поддржи работата на The Art Room, хуманитарна организација која ја користи уметноста за да им помогне на децата да си ги зголемат самодовербата и независноста.

Кетрин, Војвотката од Кембриџ Кетрин, Војвотката од Кембриџ

За време на посетата на галеријата, Кејт одржала говор пред 250 гости и имала можност да поразговара со некои од децата кои ги почувствувале бенефициите на програмата на своја кожа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11387 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.