Почетна » Новости » Музика » Џорџ Мајкл за свадбата им подари песна на принцот Вилијам и Кејт

Џорџ Мајкл за свадбата им подари песна на принцот Вилијам и Кејт

Џорџ Мајкл сними своја верзија на песната „You And I“ како свадбен подарок за принцот Вилијам и неговата идна сопруга Кејт Мидлтон.

Романтичната „You And I“ оригинално е од Стиви Вондер, но Џорџ решил дека е идеална за подарок за кралската свадба, иако тој не е поканет на церемонијата.

Џорџ Мајкл

47-годишниот пејач, кој беше пријател со принцезата Дијана, сакал среќата за свадбата да ја искаже јавно. Тој изјавил дека се чувствува емотивно поврзан со принцот Вилијам затоа што неговата мајка починала неколку месеци пред Дијана.

„Апсолутно сум убеден дека на Дијана ќе ѝ се допаднеше сето ова“ – изјавил Џорџ во шоуто на Пирс Морган за CNN.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.