Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Војвотката Кетрин шармираше во тиркизен фустан на Џени Пекам

ФОТО: Војвотката Кетрин шармираше во тиркизен фустан на Џени Пекам

Кетрин, војвотката од Кембриџ, беше како магнет за погледи полни со воодушевување на гала по повод претстојните Олимписки игри, која вчера се одржа во Лондон. Облечена во тиркизна софистицирана тоалета на Џени Пекам, Кетрин блескаше на црвениот тепих.

Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин и принцот Вилијам

Долгиот плисиран елегантен фустан во горниот дел беше украсен со прекрасна чипка, декорирана со мали сваровски кристали. Гламурозната Кетрин својот стајлинг го имаше надополнето со обетки во форма на капка, мала плик-чанта во иста боја како и фустанот и обувки Џими Џу.

Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин и принцот Вилијам Војвотката Кетрин

Иако Кетрин најчесто ја носи својата коса слободно пуштена и со големи локни на врвовите, овој пат таа изненади со собрана коса која придонесе да изгледа како грчка божица.

Војвотката Кетрин

Заедно со принцот Вилијам, Кетрин присуствуваше на концертот „Our Greatest Team Rises“ за поддршка на британските спортисти кои ќе ја претставуваат земјата на Олимписките игри.

Фустанот на Кетрин е дел од колекцијата пролет/лето 2012 на Џени Пекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.