Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Вилијам и Кетрин со децата за крштевката на принцезата Шарлот

ФОТО: Вилијам и Кетрин со децата за крштевката на принцезата Шарлот

Попладнево се одржа крштевката на принцезата Шарлот. Кралското семејство го привлече вниманието на светската јавност кон Норфолк, а поточно кон црквата Св. Марија Магдалена.

Принцот Вилијам со сопругата Кетрин и двете деца беа фотографирани додека се упатуваа на црковната церемонија. Ова е за првпат четиричленото семејство да биде фотографирано заедно.

Кралското семејство Кралското семејство

Војвотката Кетрин блескаше во палто од Александар МекКвин и шапка од Џејн Тејлор.

Малата принцеза беше облечена во рачно изработена реплика на традиционалниот фустан од деликатна тантела и бел сатен кој бил носен од секое бебе родено во кралското семејство од 1841 година до ден-денес. 9-неделното бебе има пет кумови и било благословено со вода од реката Јордан.

Кралското семејство Кралското семејство Кралското семејство Кралското семејство

Малиот принц Џорџ беше облечен во црвено-бела облека која очигледно беше инспирирана од аутфит кој принцот Вилијам го носеше пред 30 години.

Лево: Принцот Џорџ Десно: Принцот ВилијамЛево: Принцот Џорџ Десно: Принцот Вилијам Кралското семејство

На приватната церемонијата беа присутни 21 блиски пријатели и роднини на семејството, меѓу кои кралицата Елизабета, принцот Филип, принцот Чарлс и сопругата Камила, родителите на Кетрин и нејзините брат и сестра. Принцот Хари го пропушти крштевањето на својата внука поради тоа што е на хуманитарна посета на Намибија.

Наскоро ќе бидат објавени и официјални фотографии од среќното семејство, за кои беше ангажиран Марио Тестино.

Кралското семејство Кралското семејство Кралското семејство Кралското семејство Кралското семејство

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9527 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.