Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бритни Спирс и нејзиниот свршеник во фотосесија за „Elle“

ФОТО: Бритни Спирс и нејзиниот свршеник во фотосесија за „Elle“

Интересот на јавноста за Бритни Спирс никогаш не спласнува. Досега Бритни ги освојуваше своите обожаватели со својата музика, а сега ја освојува американската публика со учеството во шоуто „X Factor“. Токму поради ѕвездениот статус кој го поседува, уредниците на списанието „Elle“ одлучија да ја поканат 30-годишната пејачка со нејзиниот свршеник Џејсон Травик на заедничка фотосесија.

На фотографиите Бритни изгледа прекрасно во креации на Кавали, Џејсон Ву и Версаче, додека покрај неа или во позадина е нејзиниот поранешен менаџер, а сегашен свршеник, Џејсон.

Џејсон и Бритни

Во интервју за списанието, Џејсон открил дека Бритни го направила првиот чекор за почеток на нивната врска. „Тоа беше едно од оние нешта, таа се придвижи, се сврти и бевме лице в лице и потоа...“ – изјавил тој пред да биде прекинат од Бритни која додала: „ОК, тоа се доволно информации, драги. Беше слатко, кажи го само тоа.“

Џејсон и Бритни

Во секојдневието Бритни не е обожавателка на гламурозниот стил и често фотографиите на папараците ја покажуваат во лежерни изданија. „Ги обожавам моите фармерки и моите тренерки – јас навистина сум машкуданка во срцето. Па, многу ми е тешко да бидам како Ким Кардашијан и да имам средена коса и шминка секојпат кога ќе излезам од дома. Од друга страна, кога ги носиш тие тренерки, си велиш ох, господе, треба да се потрудам повеќе“ – рекла таа.

Бритни Спирс

Бритни долги години е на сцената и под будното око на медиумите, па вели дека папараците веќе не ѝ создаваат проблем и дека ги игнорира лажните гласини во таблоидите. „Претпоставувам дека предолго сум под микроскоп, толку долго што веќе не им обрнувам внимание на тие глупости. Одамна престанав да се вознемирувам од нештата кои луѓето ги измислуваат за мене“ – објаснила таа.

Бритни и Џејсон се заедно од 2009 година, а во декември минатата година ја објавија својата свршувачка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11471 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.