Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бритни Спирс се сврши со Џејсон Травик

Бритни Спирс се сврши со Џејсон Травик

Бритни Спирс е подготвена да го помине остатокот од својот живот со Џејсон Травик. Странските медиуми потврдуваат дека Бритни го прифатила предлогот за брак на Травик.

Џејсон и БритниЏејсон и Бритни

Блиски на познатиот пар тврдат дека и двајцата се екстремно среќни и возбудени. „Ова е нешто што двајцата го посакуваа долго време. Тие се превозбудени и со нетрпение очекуваат да станат маж и жена“ – изјавил анонимен извор за Us Weekly.

Бритни издвои малку време за да им навести на своите обожаватели на Facebook за свршувачката со пораката: „OMG. Синоќа Џејсон ме изненади со еден подарок што го посакував. Едвај чекам да ви го покажам! Толку многу сум возбудена!!!“.

Ова е месец на прослави за Бритни и Џејсон. Таа го прослави својот 30-ти, а тој својот 40-ти роденден, а како што е најавено, сега следува голема прослава за свршувачката во Лас Вегас.

Бритни и Џејсон ја започнаа врската во 2009 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11471 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.