Почетна » Новости » Актуелно » Европратеничката Ирена Јовева моќно и на македонски во Стразбур: „За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола“

Европратеничката Ирена Јовева моќно и на македонски во Стразбур: „За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола“

Ирена Јовева доби бројни аплаузи и пофалби застанувајќи во одбрана на македонскиот идентитет во Стразбур.

Пред гласањето за извештајот за напредокот на нашата земја во Европскиот парламент, словенечката европратеничка самоуверено на македонски јазик им се обрати на присутните, особено на бугарските колеги, и моќно рече:

„За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но на вас, да го признаете тоа ви треба чесност, интегритет и храброст. Знам“.

Ирена е родена во Словенија во семејство на македонски мигранти.

Денес беше усвоен Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија без во него да се спомене македонскиот јазик и идентитет.

Ирена Јовева Ирена Јовева Ирена Јовева

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27289 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.