Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бритни Спирс ја раскина свршувачката со Џејсон Травик

Бритни Спирс ја раскина свршувачката со Џејсон Травик

Бритни Спирс и Џејсон Травик одлучија да се разделат. Една година откако Бритни го прифати предлогот за брак на Џејсон, нејзиниот гласноговорник ја објави веста за разделбата.

„Бритни Спирс и Џејсон Травик се согласија да ја прекинат едногодишната свршувачка. Како две возрасни личности, тие донесоа тешка одлука да тргнат по различни патишта, но сепак да останат пријатели“ – соопштил претставник на Бритни.

Џејсон и БритниЏејсон и Бритни на денот на свршувачката

Разделбата ја потврдила и самата поп ѕвезда. „Со Џејсон одлучивме да ја прекинеме свршувачката. Секогаш ќе го обожавам и ќе останеме добри пријатели“ – пишувало во нејзиното соопштение за јавноста.

Бритни и Џејсон беа во врска од 2009 година, а во декември 2011 година ја прославија својата свршувачка.

Според TMZ, основната причина за разделбата била желбата на Бритни да го прошири семејството. Анонимен извор близок до парот изјавил дека Бритни сакала уште деца, но Џејсон не се согласувал со таа идеја, иако премногу ги сакал синовите на Бритни.

Џејсон, Бритни и синовите Шон Престон и Џејден ЏејмсЏејсон, Бритни и синовите Шон Престон и Џејден Џејмс на одмор на Хаваи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11467 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.