Почетна » Новости » Актуелно » Антонио трча 600 км од Скопје до Острог за болни дечиња во чест на мајка му која почина од рак

Антонио трча 600 км од Скопје до Острог за болни дечиња во чест на мајка му која почина од рак

Антонио Пандовски има огромно срце.

Хуманиот Македонец пред една недела го започна остварувањето на неговата хумана мисија да истрча 600 километри за да собере средства за дечињата болни од рак кои се лекуваат на Детската Клиника, како и да ја подигне свеста за лицата со попреченост.

Поттикнат од прераната смрт на мајка си и нејзината неостварена желба да го посети Острог, Антонио на 2 јули тргна од пред Соборниот храм во Скопје и цели да стигне до манастирот Острог во Црна Гора. Сите средства собрани преку донации ќе бидат наменети за набавка на неопходна медицинска опрема за најмалите херои.

Зад Пандовски застана Фондацијата „Ице Бегов“ од Гевгелија.

Антонио Пандовски

„Иницијативата за оваа мисија е прераната смрт на мојата мајка која боледуваше од канцер на белите дробови. Нејзината преголема желба беше да го посети манастирот Острог, но за жал, не успеа. Сега таа ни е горе ангел на небото и во нејзино име се одлучив за овој хуманитарен подвиг, воедно да помогнам и на нашите најмали пациенти, нашите мали херои. Сакам да им се врати насмевката, да се радуваат, да им покажеме дека има надеж, има човечност и има подобро утро“ – рече тој пред заминувањето.

Сметка за донации:

НЛБ Банка:
210-075797990237

Назив:
Фондација Ице Бегов

Назнака:
Донација – За нашите мали херои

Девизна сметка

IBAN Code:
MK07210722000122190

SWIFT:
TUTNMK22

Телефонски броеви за донации:

А1: 143-460

Т-Mobile: 143-403

„Кога ќе видиш еден млад човек како Антонио којшто се одлучил да трча 600 километри за децата што не можат ни до аголот од болничката соба, тогаш сфаќаш дека сè уште има светлина. Ова не е акција само за донации, ова е покана да се потсетиме какви луѓе сакаме да бидеме“ – вели Елена Бегова од Фондацијата.

Антонио Пандовски Антонио Пандовски Антонио Пандовски Антонио Пандовски Антонио Пандовски Антонио Пандовски Антонио Пандовски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27363 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.