Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бремената Шакира во бикини позира до Пике за хуманитарни цели

ФОТО: Бремената Шакира во бикини позира до Пике за хуманитарни цели

Бремената Шакира и Жерар Пике објавија интимни фотографии со кои ги повикуваат нивните фанови да учествуваат во хуманитарна акција на УНИЦЕФ.

На една од фотографиите 35-годишната пејачка позира во бикини до разголениот 25-годишен фудбалер. „Сакаме да го прославиме претстојното раѓање на нашето прво дете со сите вас“ – напиша Шакира на Twitter и испрати линк до веб-страницата на која можат да се донираат средства за УНИЦЕФ.

Шакира и Пике

Со учеството во хуманитарната акција посетителите на сајтот всушност купуваат подароци како мрежи за заштита од комарци, полио вакцини и пакети со храна, кои ќе им бидат доставени на деца во најсиромашните земји во светот.

Хуманитарната акција всушност е виртуелна бебешка забава (baby shower), во рамките на која подароци добиваат деца низ светот наместо бебето на Шакира како што е обичај на забавите од ваков тип.

Шакира и Пике Шакира и Пике

„Како што знаете, наскоро ќе дојде на свет нашето прво дете, па за да го прославиме неговото раѓање, организиравме виртуелна бебешка забава во соработка со УНИЦЕФ. Наместо да добиваме подароци за нашето бебе како на традиционална бебешка забава, би сакале да понудиме поддршка за бебињата низ целиот свет кои живеат во услови на екстремна сиромаштија“ – вели Пике во видео-пораката од среќниот пар.

Шакира и Пике Шакира и Пике

Погледнете го и видеото со Шакира и Пике:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.