Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Првата фотографија од синчето на Шакира и Пике

Првата фотографија од синчето на Шакира и Пике

Шакира го претстави синчето Милан пред светот. Енергичната Колумбијка сподели фотографија на која Жерар Пике нежно го бакнува малиот Милан.

Фотографијата е објавена на сајтот на хуманитарната акција на Шакира и Пике во соработка со УНИЦЕФ, чија цел е собирање средства за деца од сиромашните земји низ светот.

Пике и малиот МиланПике и малиот Милан

Милан се роди пред само две недели, на 22 јануари. Тогаш 36-годишната пејачка и 26-годишниот фудбалер објаснија дека името Милан во словенските јазици значи драг, сакан и милостив, во латинскиот јазик значи нетрпелив и трудољубив, а во санскритскиот – обединување.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9529 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.