Влатко Лозаноски за првпат го покажа преслаткото синче Марко.
39-годишниот македонски пејач, кој умешно ја чува својата приватност подалеку од љубопитните погледи на јавноста, одлучи да го покаже 8-месечното бебе пред камерата.

Краткото видео во кое Лозано го држи Марко додека ја пее „Лихнида кајче веслаше“ е најава за Фестивалот за вино во Охрид, каде ќе настапува на 28 јуни.
Веста дека Лозано тајно стана татко беше објавена во октомври минатата година, но досега не е откриено која е негова партнерка.
