Марко Новески сними забавно видео од моментите поминати со малите близначиња на плажа.
Македонскиот водител покажа што сè е потребно да носат родителите кога се упатуваат со децата на плажа.
„Ова е приказната на еден родител што тргна на плажа… Со децата, 100 работи, и 0 шанси да не заборави нешто“ – напиша Марко.








Марко редовно оди на прошетки со близнаците Вања и Веда и споделува фотографии. Тој се венча со саканата Цена во август 2021 година, а нивните дечиња се родија во април 2024 година.




