Христина Младенов, позната како Христина Пан, не ја криеше тешката битка која ја војуваше нејзината мала ќеркичка.
Со голема верба во Бог, поддршка од семејството и сила, малата Тара успеа да го победи ракот и по две години лекување конечно победнички заѕвони на ѕвончето во Детската клиника во Скопје.
Видеото од овој среќен момент Христина го сподели на социјалните мрежи.
Во описот на видеото стои:
Мојата хероина, мојата гордост најголема, мојата најголема животна лекција... После цели две години борба по болници еве ја тука и таа...
Нека ѕвони најсилно ѕвончето денес!
Господе фала ти! Сите деца од тука да излезат вака и дај Боже ниту едно дете да не треба да влезе на овие врати!
Огромно БЛАГОДАРАМ до целиот медицински тим што ја лечеше Тара цело ова време...
На сите роднини и пријатели кои беа и останаа цело време со нас, со вас сѐ беше полесно.
Фала ви на сите тука што сте на овој профил и што ми дававте ненормална сила, поддршка, не знаете колку ми значи.
Господ да нè чува сите, ве сакаме!
Христина и нејзиниот сопруг Петар имаат три деца. Тие долги години воделе борба со неплодноста, а потоа успеале да ги добијат близначките Хана и Тара.
Нивната најмала ќеркичка во мај наполни четири месеци.