Емра Куртишова и Петар Стојанов ги користат слободните летни денови за уживање. Македонските актери отпатуваа во Германија од каде се пофалија со фотографии.
Среќниот пар е придружуван од ќеркичката Лена со која позираа покрај Боденското Езеро и се возеа на бротче.
Актерката, позната по улогата на Исаура во серијата „Преспав“, изгледаше пресреќно покрај најсаканите.





Емра и Петар се запознале во Театарот за деца и младинци, каде се колеги. Тие се заедно речиси четири години, а стапија во брак во јуни 2023 година.
