Почетна » Новости » Занимливости » Има 106 деца кои ќе ги наследат милијардите: Основачот на Telegram ќе им го подели богатството на наследниците

Има 106 деца кои ќе ги наследат милијардите: Основачот на Telegram ќе им го подели богатството на наследниците

Контроверзниот милијардер Павел Дуров го шокираше светот.

40-годишниот соосновач на Telegram изјави дека ќе им го подели богатството на своите 106 деца.

Во интервју за Le Point, директорот на популарната платформа ја објави својата одлука за распределување на неговото богатство, кое според Forbes, се проценува над 17 милијарди долари.

Павел Дуров

Дуров е татко на шест деца зачнати на природен начин со три различни партнерки, а сподели дека има уште околу 100 деца зачнати преку донирање на сперма на бројни парови во 12 земји.

„Сакам да појаснам дека не правам разлика меѓу моите деца – оние кои се зачнати природно и оние кои дошле преку донирање сперма. Сите тие се мои деца и ќе имаат еднакви права. Не сакам да се караат по мојата смрт“ – изјавил Русинот, но додал дека ниту едно од децата нема да ги добие парите во следните 30 години, или пред 19 јуни 2055 година.

„Сакам да живеат како нормални личности, а изградат свои животи, да научат да си веруваат самите себе, да бидат способни да создаваат, а не да зависат од банкарска сметка“ – рекол тој.

Павел открил дека има деца зачнати преку донирање на сперма откако Русинка која живее во Швајцарија објавила дека тој е таткото на нејзините три деца. Тие го носат неговото презиме.

ПавелПавел со Ирина која е мајка на три негови деца Павел Дуров ПавелПавел со девојката Јулија

Русинот одлучи сега да го подели богатството, бидејќи неговата работа вклучува ризик.

Во 2024 година, француските власти подигнаа обвинение против Павел како наводен соучесник во водење платформа во која можеле да напредуваат нелегални активности, како што се материјал за сексуална злоупотреба на деца, трговија со дрога и измами.

Оваа платформа кај нас стана популарна со контроверзната група „Јавна соба“, во која беа злоупотребувани фотографии и лични податоци на девојки од Македонија.

Павел Дуров Павел Дуров

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26669 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.