Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бијонсе, Мадона и многу други ѕвезди се збогуваа со Опра

ФОТО: Бијонсе, Мадона и многу други ѕвезди се збогуваа со Опра

Во текот на 25 години Опра ги изненадуваше гостите во своето шоу, но сега дојде ред изненадувањата да бидат за Опра.

Повеќе од 13 000 луѓе, меѓу кои имаше многу холивудски ѕвезди, се собраа вчера во United Center арената во Чикаго за снимањето на „Oprah's Surprise Spectacular“.

Опра опкружена со многу ѕвездиОпра опкружена со многу ѕвезди

На сцената застанаа Мадона, Бијонсе, Том Круз, Кејти Холмс, Вил Смит, Арета Френклин, Марија Шрајвер, Том Хенкс, Дакота Фенинг, Хали Бери, Стиви Вондер, Ашер и многу други кои ја изразија својата почит кон работата на Опра и кон нејзината хуманост.

Опра опкружена со многу ѕвезди

„Опра Винфри, денес ти си опкружена само со љубов. Твоето студио не е доволно големо за да ја собере цела, па затоа сме тука“ – возбудено изјави Том Хенкс.

Том Хенкс и ОпраТом Хенкс и Опра

„Не е тајна дека милиони луѓе се инспирирани од Опра. И јас сум една од нив“ – изјави Мадона.

Опра и МадонаОпра и Мадона

Опра беше најтрогната од појавата на Стедман Грахам, нејзиниот долгогодишен партнер, кој ѝ се обрати со зборовите: „Те сакам затоа што ми го промени животот. Ме воодушевува фактот што имам можност да бидам покрај жена која ги менува животите на луѓето секој ден и сè уште на работа си носи ручек од дома“. Кога во солзи Опра не мислеше дека нешто може повеќе да ја изненади, на сцената се појави Арета Френклин, која за неа ја испеа „Amazing Grace“.

Бијонсе, Мадона, Опра, Дакота Фенинг и Хали БериБијонсе, Мадона, Опра, Дакота Фенинг и Хали Бери

Двете епизоди од шоуто кои беше снимено вчера ќе бидат прикажани на 23 и 24 мај, а финалната епизода од најпопуларното дневно ток шоу ќе биде прикажано на 25 мај.

Бијонсе настапи со „Run the World (Girls)“Бијонсе настапи со „Run the World (Girls)“

Во ноември 2009 година Опра објави дека ќе го заврши своето шоу. Оттогаш милиони нејзини обожаватели упорно се надеваа дека нема да се случи тоа. Се разбира, Опра ќе продолжи да се дружи со својата публика преку својот нов телевизиски канал OWN, но според публиката, тоа не е ни приближно слично на дружењето во нејзиното популарно шоу.

Бројната публика во United CenterБројната публика во United Center

Неколку факти за шоуто на Опра:

  • Првата епизода беше прикажана на 8 септември 1986г.
  • Секоја недела во просек шоуто на Опра го следат над 40 милиони Американци, а се прикажува и во 150 други земји низ светот.
  • Досега се снимени вкупно 4561 епизоди, а учествувале 30 000 гости.
  • Во текот на 25 години околу 1,3 милиони луѓе биле гости во нејзиното студио. За последната сезона билети побарале 1,4 милиони луѓе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10624 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.