Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Најмоќните славни личности во светот

Најмоќните славни личности во светот

„Форбс“ ја објави овогодишната листа на најмоќните личности од светот на шоу-бизнисот. Во неа влегуваат актери, ТВ личности, модели, спортисти, музичари и комичари, а рангот им се определува кога ќе се земе во предвид нивната заработка од 1 јуни 2009 до 1 јуни 2010 и ќе се оцени нивната присутност во медиумите.

Опра ВинфриКралицата на медиумите, Опра Винфри, си ја врати круната туркајќи ја минатогодишната победничка Анџелина Џоли на 18-тото место. Опра во изминативе 12 месеци заработила вкупно 135 милиони долари. Таа го привлече вниманието на медиумите кога објави дека планира да го прекине нејзиното шоу. БијонсеНа второ место се најде незапирливата Бијонсе која се искачи две места погоре од минатата година. Нејзината заработка во изминатава година е 87 милиони долари. Најголемиот дел од заработката (85 милиони) познатата Бијонсе го остварила од нејзината турнеја. Џејмс КамеронПрвиот маж на листата е режисерот Џејмс Камерон. Благодарение на филмскиот хит „Аватар“, Камерон заработил дури 210 милиони долари во изминатава година. Тоа воопшто не е чудно ако се знае дека „Аватар“ е филмот со најголема заработувачка на сите времиња. Лејди ГагаЕксцентричната Лејди Гага го зазеде четвртото место, излегувајќи многу места пред докажани ѕвезди како Мадона (10-то место) и U2 (7-мо место). Во изминативе 12 месеци, Гага заработила 62 милиони долари. Тајгер ВудсГолферот Тајгер Вудс го има 5-тото место на листата на Форбс. Последните неколку месеци тој доби огромно внимание од медиумите, но не поради неговите успеси, туку поради скандалите во кои беше замешан. Сепак, и покрај сето тоа, Тајгер успеал да заработи 105 милиони долари.

Популарноста на вампирската сага „Самрак“ го однесе Роберт Патинсон на 50-тото место, а неговата партнерка Кристен Стјуарт на 66-тото место на листата.

Оваа година некои славни личности воопшто не успеаја да се пласираат. На пример, раперот 50 Cent, кој минатата година беше на 50-то место, оваа година не влезе во листата поради неуспехот на неговиот нов албум и отсуството од медиумскиот простор поради екстремното слабеење за неговиот нов филм Things Fall Apart.

Топ 10 најмоќни славни личности

  1. Опра Винфри
  2. Бијонсе
  3. Џејмс Камерон
  4. Лејди Гага
  5. Тајгер Вудс
  6. Бритни Спирс
  7. U2
  8. Сандра Булок
  9. Џони Деп
  10. Мадона

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9476 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.