Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лејди Гага ја победи Опра и стана најмоќна славна личност

Лејди Гага ја победи Опра и стана најмоќна славна личност

Познатото списание Форбс ја објави новата листа на најмоќни личности во шоу-бизнисот. Мажите и жените кои се најдоа на листата „The Celebrity 100“ 2011 во изминативе 12 месеци заработиле вкупно 4,5 милијарди долари.

Лејди Гага ја симна од тронот Опра и ја доби титулата најмоќна славна личност на светот. Опра остана на второто место, а на третото се најде младиот Џастин Бибер, кој оваа година за првпат се појави на листата.

Лејди Гага

При формирањето на листата се зема во предвид не само заработката што личноста ја остварила, туку и присуството во медиумите и популарноста на друштвените мрежи.

Иако Лејди Гага е на 8-мо место според заработката (90 милиони долари), таа е прогласена за најмоќна поради нејзината огромна популарност на интернет. „Мајката Чудовиште“ има над 10 милиони следбеници на Twitter и над 34 милиони обожаватели на Facebook.

„Лејди Гага оваа година ја победи Опра поради нејзината моќ на друштвените мрежи. Таа е најдобар пример како славните треба да ги менаџираат своите кариери во годините што доаѓаат“ – изјавиле од Форбс.

Опра редовно успева да се искачи на врвот. Во последните 7 години таа го има отстапено првото место само 3 пати. Со 290 милиони долари Опра останува славната личност со најголема заработка.

Џастин Бибер во изминативе 12 месеци заработил вкупно 53 милиони долари, а неговиот хит „Baby“ е прегледан над 500 милиони пати на YouTube.

Топ 20 најмоќни славни личности

  1. Лејди Гага
  2. Опра Винфри
  3. Џастин Бибер
  4. U2
  5. Елтон Џон
  6. Тајгер Вудс
  7. Тејлор Свифт
  8. Бон Џови
  9. Сајмон Кауел
  10. Леброн Џејмс
  11. Анџелина Џоли
  12. Кети Пери
  13. Џони Деп
  14. Коби Брајант
  15. Леонардо Дикаприо
  16. Black Eyed Peas
  17. Доналд Трамп
  18. Д-р Фил Мекгроу
  19. Тајлер Пери
  20. Пол Макартни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11213 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.