Свадбите се исполнети со емотивни моменти кои се паметат засекогаш. Каси Вилсон беше трогната до солзи поради специјален гостин на нејзината венчавка.
Пред да го изговори судбоносното „ДА“, Вилсон се сретна со момчето кое живее со срцето на нејзиниот прерано починат син. Овој момент беше овековечен со фотографии и видеа, а реакцијата на емотивната невеста ќе ве разнежни.
Каси го прегрнуваше 7-годишниот Салех, го слушна чукањето на трансплантираното срце на своето синче Мајлс и зачекори кон олтарот заедно со малото момче.
„Беше многу срцепарателно. Дефинитивно сега се почувствував најблиску до него од несреќата“ – изјавила невестата.






Пред две години, Каси и нејзините три деца доживеаја сообраќајна несреќа во која животот го изгуби едно од нејзините синови-близнаци. Неговите органи беа донирани и спасија животи на неколку дечиња, вклучувајќи го и Салех.


Салех бил роден со хронична срцева состојба поради која најголем дел од првите пет години од својот живот ги минал во болница.
Три години тој бил на листата на чекање за трансплантација на срце. Веста дека ќе добие ново срце ја доби во април 2023 година, кога почина Мајлс.
