Почетна » Новости » Актуелно » Српски доктори спасија 4-годишно девојче од Македонија кое доживеа срцев застој на плажа во Грција

Српски доктори спасија 4-годишно девојче од Македонија кое доживеа срцев застој на плажа во Грција

Вистинска трагедија била избегната за само неколку секунди на плажа во Неа Врасна, Грција.

Четиригодишно девојче од Македонија беше спасено благодарение на медицински лица од Србија, кои без размислување отрчале да помогнат.

Девојчето останало без свест поради високите температури додека си играло во морето, по што проголтало голема количина на вода и настанале прекин на дишењето и работењето на срцето.

За среќа, во близина бил медицинскиот техничар Саша Костиќ кој си играл со синчето и ја увидел итноста на ситуацијата. Тој добил помош од колешка од инфективната клиника, докторката Душка Стојановиќ и двајцата веднаш преминале кон реанимација на девојчето.

Саша раскажал за оваа случка за српските медиуми. „Бев во плиткото со синот кога видов како родителите го вадат девојчето без свест. Веднаш согледав дека ситуацијата е критична. Им пријдов за помош, тука беше и докторка Душкa Стојановиќ од Инфективната клиника. Видовме дека детето е во сериозна животна опасност и дека секунди нè делат. Веднаш пристапивме кон реанимација. Забележавме дека девојчето имаше спазам на мускулите на вилицата, помисливме дека можеби имала напад. Рефлексно започнавме со оживување. По некои 5 минути стигна и служба на итната медицинска помош. Девојчето веќе беше во свесна состојба“ – изјавил тој.

Малата Ирина била итно транспортирана во болница и сега е во стабилна здравствена состојба.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26768 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.