Почетна » Новости » Актуелно » „Денес требаше да дуваме за 23“: Дечкото на Фросина Кулакова емотивен на денот на нејзиниот роденден

„Денес требаше да дуваме за 23“: Дечкото на Фросина Кулакова емотивен на денот на нејзиниот роденден

Петар Ристов е неутешен по смртта на својата сакана Фросина Кулакова. Младата девојка, која беше прегазена на пешачки во Скопје, доколку беше жива, денес ќе го прославеше својот 23-ти роденден.

Нејзиното момче полно со емоции објави фотографија од минатогодишниот роденден и напиша: „Денес требаше да дуваме за 23, ангелу мој. Нека ми ти е светол патот кон вечноста“.

Фросина Кулакова Фросина Кулакова

Во чест на младата дизајнерка, на која ѝ претстоеше светла иднина во модната индустрија, Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ најави основање на Фондација што ќе го носи нејзиното име.

„Инспирирани од семејството Кулаков, ќе биде основана нова фондација во чест на покојната Фросина. Оваа фондација ќе доделува стипендија секоја година, нудејќи му на еден талентиран поединец можност за една година студирање на престижниот Меѓународен моден институт ‘Изет Цури’. Во тек се подготовки за отворањето на фондацијата, која ќе го продолжи сеќавањето на Фросина“ – пишуваат од Институтот.

Фросина Кулакова

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26828 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.