Вознемирувачко видео, кое документира семејно насилство врз четиригодишно девојче во скопско Драчево, предизвика шок и гнев кај граѓаните. Мајката го објави видеото и фотографии од последиците од нападот, обвинувајќи го таткото за бруталниот чин.

Во потресната порака на социјалните мрежи, мајката вели дека го пријавила насилниот партнер за да ги заштити своите деца:
Зарем вакво детство заслужува едно дете?
Без причина, затоа што има болни умови и не размислуваат во моментот, нашле да покажуваат сила на деца.
Ако возрасните имаат проблеми, што се виновни децата. Стресно е и за другите – 3 сестрички се на 3, 4 и 9 години.
Се случува со саботата сабајлето, вечерта он веќе е во полициска станица, а сега во притвор.
И пак јас сум виновна што сум пријавила и сакам децата да си ги заштитам.
Детството е најубавиот период и некој вака да им го уништи... не може.
Детето има телесни повреди и набиеници на лицето, а сите три ќе имаат доживотни трауми.
Откако првичната снимка наиде на осудување и револт, мајката сподели дека ова не е изолиран случај и дека насилството било присутно во нивниот дом и претходно:
Ова е врз истото детенце.
Само немаше видео, па не можев да докажам дека е од него.
Слободно нека се споделува, доживотно да скапува во затвор.
Душа ме боли што нема правда, особено за децата.
Не можев да докажам и тоа си продолжи до ден-денес, можеше да заврши и многу полошо.