Анџелина Џоли претпразнично беше на шопинг со две од своите ќерки во Лос Анџелес.
44-годишната актерка беше фотографирана во црно-бела модна комбинација додека разговараше и се смееше со 14-годишната Захара и 13-годишната Шајло.




Според информации кои кружат во странските медиуми, Џоли никаде не патува со децата за време на празниците за тие да можат да бидат и со нивниот татко Бред Пит. „Тие ќе поминат еднакво време со децата за време на божиќните празници, така беше минатата година и оваа година нема да биде различно“ – рекол извор за Hollywood Life.


Анџелина Џоли и Бред Пит се разведоа во 2016 година. Тие имаат шест деца.

