Румер Вилис напиша искрен текст за промените кои ги забележува на нејзиното тело по раѓањето на ќеркичката Луета.
34-годишната ќерка на Брус Вилис и Деми Мур сподели фотографија без облека и напиша текст полн со благодарност за телото кое си го прифаќа онакво какво што е. Румер пишува дека е восхитена од она што може да го направи женското тело и воопшто не ѝ пречи што градите ѝ се виснати затоа што ја хранат нејзината ќерка.

Ова мое тело направи човек од нула... Изгледа и се чувствува малку поразлично сега, но секој ден навистина се восхитувам кога ќе ја погледнам ќерка ми и ќе ја видам нејзината насмевка или кога ќе го видам нејзиното совршено лице и малечките прстиња и начинот на кој очињата ѝ светкаат кога ќе се разбуди наутро и ќе го препознае моето лице. Таа е љубовта на мојот живот.
Ова мое тело кое со години се обидував да го оформам во она што сметав дека е привлечно, сега е малку помеко и позаоблено и растресено и поинакво, но тоа е ОК. Повеќе е од ОК, некако е неверојатно затоа што пораснав личност внатре во него. Ова мало суштество кое го сакам со жестокост и чудење секој ден достигнува нови нивоа.
Знам дека моето тело сè уште се прилагодува, но без разлика во каква форма ќе заврши, јас едноставно сум благодарна за сè што направи и продолжува да прави.
Во процесот на трансформација, благодарна сум за секој пресврт. Моите гради можеби се поголеми и можеби никогаш не биле толку виснати, но каков дар и привилегија е што можат да ја хранат и да овозможуваат храна за мојата Лу. Тие се и фантастична перница кога спиеме заедно. Моите колкови и стомак сега се позаоблени, но ја држат ќерка ми безбедно, со топлина и љубов.
Најдлабоката убавина која некогаш сум ја почувствувала во мене доаѓа од тоа што секојдневно се потсетувам да не ги отфрлам овие делови од мене, туку да ги прифатам и да им дадам длабока благодарност.



Румер го доби првото дете со Дерек Томас на 18 април 2023, кратко време по откривањето дека нејзиниот татко Брус страда од деменција.




