Почетна » Новости » Актуелно » Леон, кој има аутизам, славеше роденден во Скопје со над 100 деца откако пред 2 години никој не му дојде на забавата

Леон, кој има аутизам, славеше роденден во Скопје со над 100 деца откако пред 2 години никој не му дојде на забавата

Пред две години, роденденската прослава на Леон, дете со аутизам, се претвори во една од најтажните глетки кога само едно девојче од неговиот клас му дојде на забавата.

Мајката, Амела Мемиш Апостоловска, организирала детска забава со балони, торта и го поканила целото одделение, но дворчето останало празно, а нејзиното срце скршено. Леон имал само една желба – никогаш повеќе да не слави роденден сам.

Ова видео ме прогонува веќе со месеци, па дури и години. Леон седи на столче, во дворот на баба му и дедо му. Околу него празни столчиња. Гледа на часовникот. Минутите поминуваат... но децата не доаѓаат.

Тишината на овие празни столчиња зборува гласно. Повеќе од илјада зборови. Таа тишина е болка што не се гледа на прв поглед болка на дете кое со години трпеливо чека да биде прифатено, видено, слушнато.

Решена да промени нешто, оваа година Амела го организираше првиот инклузивен роденден на отворено, преку кој на сите им одржа лекција за емпатија. На 12-тиот роденден на Леон присуствуваа повеќе од 100 дечиња и уште толку возрасни кои порачаа дека никој не треба да биде сам на роденденот.

„Долги години бев во тишина, а денес мојот сон се оствари. Денес знам дека Бог ја слушнал молитвата на мама. Сакам овој роденден да остане порака до цела Македонија дека сите деца заслужуваат да бидат сакани и прославени“ – рече среќниот славеник.

Леон Леон Леон

Амела, понесена од емоциите, на Facebook напиша:

Ми беа потребни два дена за да сфатам дека она што го доживеавме не беше сон, туку реалност. Два дена во кои срцето ми се обидуваше да ја собере сета љубов, светлина и човечност што се собраа на едно место во паркот „Македонија“ до Дом на Култура „Билјана Беличанец“ - Општина Кисела Вода Скопје, на првиот инклузивен роденден на мојот Леон кој се одржа на 17.08.2025 недела.

Долго време живеев во свет каде родендените беа тишина, каде свеќичките не беа дувани, а песните не беа испеани. Свет во кој болката и осаменоста го заменуваа славјето. Но овој пат, нешто се промени не само за Леон, туку за сите нас.

Аутизмот, кој толку често се гледа како бариера, тој ден прозборе преку моето дете. Прозборе со смевот на децата, со насмевките на мајките, со топлината на сите што беа таму. Тој ден, тишината стана глас, а гласот стана порака, а таа е дека секое дете заслужува да биде видено, слушнато и прославено.

Со овие слики денес се обраќам до цела Македонија, до секое човечко битие што некогаш се почувствувало невидливо, одбиено или заборавено. Сакаме да кажеме дека нема „различни“, нема „помалку важни“. Постојат само деца кои жедуваат за љубов, внимание и прифаќање.

Ова не беше само роденден. Ова беше лекција за сите нас дека човечноста е најголемата моќ што ја имаме и дека љубовта е единствениот јазик кој сите го разбираме.

Леон Леон Леон

Амела ја реализирала идејата за ваков роденден со цел да пренесе порака дека хуманоста живее во срцата на сите нас.

„За секоја душа што чекала покана, а добивала молк. За секој родител што посакал неговото дете да биде видено не со сочувство, туку со почит. Леон не е обично дете тој е симбол. Симбол на надежта дека различноста не е пречка, туку поклон“ – стои во нејзината објава.

Леон Леон Леон

На сите родители кои имаат посебно дете, мајката им порачува:

„Да не се срамат од своите деца, да не молчат, туку да го кренат својот глас, па дури и кога чувствуваат дека сè е безнадежно како што и мене ми се чинеше, дека сè е безнадежно и дека хуманоста е тотално изгубена во Македонија“.

Леон Леон Леон Леон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28439 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.