Почетна » Новости » Актуелно » Научниците открија: Вежбањето без чад од тутун го зголемува протокот на кислород во телото

Научниците открија: Вежбањето без чад од тутун го зголемува протокот на кислород во телото

Познато е дека пушењето го намалува капацитетот на белите дробови. И покрај овој факт, дел од луѓето кои активно се занимаваат со спорт не се подготвени да се откажат од цигарите иако тоа им влијае на постигнатите резултати. Сепак, научниците неодамна утврдија дека луѓето кои ги заменуваат цигарите со алтернативи без чад успеваат да ја подобрат својата физичка кондиција за неколку недели и да овозможат подобар проток на кислород во телото.

Вежбање без чад од тутун

Студијата што го потврдила ова е спроведена на Универзитетот во Катанија во Италија, од истражувачите во Центарот за забрзување на намалувањето на штетата (CoEHAR) и објавена е во научното списание Scientific Reports. Станува збор за истражување спроведено врз 220 возрасни лица кои немале намера да се откажат од пушењето, кај кои се мерел и испитувал параметарот познат како VO2 max - максималната количина кислород што едно лице може да ја користи за време на физичка активност.

Резултатите од истражувањето покажале дека луѓето кои се откажале од пушење, па дури и оние кои само го намалиле бројот на испушени цигари, имале значително зголемување на апсорпцијата на кислород во телото. Значително подобрување на VO2 max било забележано и кајучесниците во испитувањето кои целосно се префрлиле на производи без чад. Истражувачите ги споредиле нивните резултати со резултатите од претходните студии кај луѓе кои целосно престанале да користат тутун и никотин, без да ги заменат со алтернативи. Оние кои го намалиле пушењето постигнале подобрувања на VO2 max од околу 3 отсто по 4 недели и 4,5 отсто по 12 недели. Оние кои целосно се префрлиле на алтернативни производи без чад имале зголемување од 5,5 отсто и 6 отсто во истите временски рамки.

Според објавениот научен труд од студијата, подобрувања во респираторните перформанси може да се сметаат како дополнителна придобивка од преминувањето од цигари на производи без чад, што дополнително го потврдува нивниот потенцијал како алатка за намалување на штетите . Резултатите дополнително потврдуваат дека намалувањето на штетните материи кои се создаваат при согорување на цигарите, особено јаглерод моноксидот, може брзо да го подобри транспортот на кислород и ефикасноста на кардиоваскуларниот систем.

- Потребни се повеќе истражувања, особено долгорочни студии, но нашите резултати сугерираат дека производите без чад, меѓу кои и уредите за загревање тутун можат да бидат ефикасни алатки за подобрување на кардиоваскуларната кондиција кога ќе заврши транзицијата од пушење – заклучува еден од авторите на студијата, д-р Рикардо Полоза.

Ова е прв пат една студија директно да го испита влијанието на користењето на уреди кои го загреваат тутунот врз физичката кондиција, во споредба со пушењето цигари, со што претставува значаен придонес во базата на научни податоци.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28436 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.