Румер Вилис стана мајка.
Најстарата ќерка на Брус Вилис и Деми Мур доби ќерка со партнерот Дерек Томас и ја сподели првата фотографија од бебенцето.
„Луета Ајли Томас Вилис. Ти си чиста магија“ – напиша новата мајка на Instagram.

Бебето се родило на 18 април.

Брус Вилис ја добива новата улога на дедо додека истовремено се соочува со деменција.


Румер пред помалку од еден месец беше фотографирана на настан во Вест Холивуд во последниот месец од бременоста, а учествуваше и во кампања за мајки и новороденчиња.



