Стив Мартин стана татко на 67-годишна возраст. Популарниот актер и комичар и неговата 41-годишна сопруга Ен Стрингфилд потврдија дека добија дете, но не открија повеќе детали.

New York Post објави дека Стив и Ен станале родители во декември минатата година, но успеале да ја зачуваат новоста во тајност.
„Тие добија дете и го зачуваа во тајност, никој не знае. Стив многу ја цени приватноста. Тие се превозбудени. Многу се трудеа да имаат бебе“ – изјавил анонимен извор за New York Post.
Среќниот пар отсекогаш вложувал многу напори да си ја зачува приватноста. Во 2007 година тие поканија 75 гости во нивната куќа и ги изненадија со венчавка.