Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Стив Мартин и Алек Болдвин во тим за Оскарите 2010

Стив Мартин и Алек Болдвин во тим за Оскарите 2010

Стив Мартин и Алек БолдвинСтив Мартин и Алек Болдвин

Веќе е официјално – Стив Мартин и Алек Болдвин ќе бидат водители на 82-то доделување на Оскарите догодина.

За Стив Мартин (64) ова не е ново искуство. Тој веќе беше домаќин на доделувањето на престижните награди во 2001 и 2003г.

„Многу сум среќен што ќе ја делам сцената со мојот непријател Алек Болдвин“ – изјави Стив.

Според Болдвин, да бидеш домаќин на манифестација како Оскарите, е прилика каква што се добива многу ретко во животот.

Продуцентите сметаат дека Болдвин и Мартин се идеален пар и сметаат дека двата откачени актери взаемно ќе се надополнуваат на сцената. Големото шоу ќе се случи на 7 март на сцената на големиот театар „Кодак“ во Холивуд.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9466 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.