Џенифер Лопез и Бен Афлек не кријат колку се среќни со обновената врска.
52-годишната пејачка и 49-годишниот актер беа фотографирани фатени за раце додека излегуваа од ресторан во Беверли Хилс. За вечерното излегување. Лопез носеше карирано здолниште, црни чизми и црно сако.



Ова не е прво љубовно поглавје на парот. Лопез и Афлек се верија во 2002 година, а во 2004 година и официјално раскинаа.
Во април минатата година, тие ја обновија врската.




