По повод Светскиот ден на ракот, кој се одбележува на 4 февруари, Софија Вергара се потсети на нејзината тешка здравствена битка и ја истакна важноста на превентивните прегледи.
Ѕвездата од „Modern Family“, која се изборила со рак на тироидната жлезда во младоста, објави фотографија од периодот по заздравувањето на која на вратот ѝ се гледа лузната од операцијата.

49-годишната актерка им се обрати на фановите со пораката:
„На 28 години ‘Рак’ не беше збор што очекував дека ќе го слушнам. Тоа беше само рутински преглед. Но, докторите открија грутка во моето грло и тој збор стана дел од мојата сторија. Поминав неброени часови во третмани со радијација и на крајот и операција. Денес, можам да се наречам личност која преживеала рак.“
„Ова беше мојот прв час по глума по дијагнозата и лекувањето и кога ќе ја гледам лузната на вратот, се потсетувам колку благословено се чувствував тој ден, а и секој ден оттогаш наваму. Многу сум среќна и благодарна што сум во позиција да ја споделувам мојата приказна и да речам: раната превенција е многу важна!!! Закажете го вашиот редовен преглед за годинава ако веќе го немате направено тоа.“
Вергара непрекинато поддржува активности кои ги помагаат истражувањата на ракот.
