Холивудските ѕвезди честопати се трансформирани до непрепознатливост за филмските улоги. Таков е случајот и со главниот актер во новата серија „The Sympathizer“.
Протагонистот беше фотографиран на сетот за време на снимањето, а дали ќе можете да препознаете кој е тој?





Станува збор за Роберт Дауни Џуниор кој доживеа комплетна трансформација за да го глуми „Капетанот“ (Хоа Суанде), француско-виетнамски шпион протеран во Лос Анџелес во последните денови од Виетнамската војна.


Дауни Џуниор ќе има и неколку споредни улоги на главните антагонисти во серијата. Неодамна, тој изјави дека ќе игра пет различни улоги.
Пред неколку месеци, Роберт објави видео во кое неговите деца му ја бричат главата.

