Роберт Дауни Џуниор е меѓу холивудските ѕвезди кои прават сè што е во нивна моќ за да го зачуваат приватниот живот подалеку од љубопитната јавност. Но, одвреме-навреме и „Железниот човек“ им дозволува на фановите да ѕирнат што се случува зад завесата на приватноста.
52-годишниот актер ја покани екипата на Architectural Digest во семејниот дом во Хемптонс, каде позираше заедно со сопругата Сузан и двете деца - 5-годишниот Екстон и 3-годишната Аври.

„Сакавме нешто што го немаме видено милион пати... Дефинитивно не сакаме ништо што е здодевно“ - вели парот за куќата со колоритен ентериер.









Роберт и Сузан се во брак 12 години.

