Роберт Дауни Џуниор и Сузан Дауни покажаа дека љубовта меѓу нив не згаснала ниту по 18 години брачен живот.
58-годишниот актер со саканата пресоздаде фотографија од нивната свадба и ја објави на нивната 18-годишнина. На неа, Сузан држи сончогледи додека Роберт се наведнува за да ја бакне. Иста фотографија стои и во нивниот свадбен албум.
„18 години, љубовта сè уште цути“ – напиша тој.


Парот се запозна во 2003 година, а стапи во брак во август 2005 година. Тие заедно имаат две деца, син и ќерка.

